England

  • Англија е 74 пати помала од САД
  • 59 пати помала од Австралија
  • 3 пати помала од Јапонија

Англија се наоѓа во северо-западна Европа и во јужниот дел од Велика Британија. Англија е островска земја и е дел од Обединетото Кралство (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска). Англија е најголемата земја во Велика Британија и близу 84% од населението од Обединетото Кралство живее токму тука.

Лондон е главен град на Англија и Обединетото Кралство и е деветти по големина град во светот. Лондон каков што го знаеме денес всушност е создаден со приспојување на два поголеми градови:

  • Градот Лондон познат како “the City“ или “Square Mile”, кој денес претставува бизнис и финансиски центар на Обединетото Кралство.
  • Во градот “Westminster” се лоцирани парламентот и најголемиот дел од владините канцеларии. Во овој дел од денешен Лондон се наоѓа и Бакингамската Палата.

Мал дел од добро познатите и историски места во Англија кои вредат да се видат се: Big Ben, Buckingham Palace, Windsor Castle, London Tower, The London Eye, canary Wharf Tower, Tower Bridge, The Palace of Westminster (Houses of Parliament), Trafalgar Square, Shakespeare Globe.

Јазичните центри се нудат на повеќе локации на територијата на Англија:

  1. Central London
  2. Outer London
  3. Southern England
  4. Central England
  5. Oxford

За подетални информации за локациите и јазичните центри преземете ја брошурата: