ISIC

Што е ISIC картичка?

  • Меѓународна студентска идентификациона картичка – ISIC е единствен усвоен доказ за статус на редовен ученик/студент, со повеќе од 4.5 милиони членови кои ја споделуваат страста за патување, авантура, нови откритија, искуства, пријателства…
  • ISIC од својот почеток во 1968 година, до денес овозможува бројни поволности за повеќе од 40 милиони студенти насекаде во светот. Денес, ISIC картичката е единствен пасош за влез во светот од преку 32.000 различни попусти и поволности наменети за секој студент/ученик.

Кој може да извади ISIC картичка?

  • Сите редовни студенти,
  • Професори и наставници и
  • Ученици од основно и средно училиште.

Како можам да извадам ISIC картичка?

  • Уверение од универзитетот/училиштето за редовен студент/ученик (копија од првата страна на индексот/ученичката книшка),
  • Една слика.
  • 300  денари.

Валидност на ISIC картичката:

  • Од 1 Септември до 31 Декември следната година (пример: 01/09/2012 – 31/12/2013).

Зошто ми е неопходна ISIC картичката?

  • Пристап за користење на светска мрежа на бенефиции и попусти: културни и историски знаменитости, транспорт, хотели, ресторани, спортски центри, фризерски и козметички салони …

Проверете ги ISIC попустите и бенефициите во Македонија:

Проверете ги ISIC попустите и бенефициите во светот: