Job Fair

Саемите со работодаци претставуваат можност на студентите да изберат работна понуда преку таканаречен Job Fair или директна средба со работодавец од САД. Секој апликант, кој ќе ја избере оваа опција се здобива со право да присуствува на саем со работодавци и да има директно интервју за добивање на посакуваната работна позиција.

На овие саеми студентите имаат можност да изберат работа во хотели, казина, ресторани, забавни паркови…

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  • Пополнета апликација
  • Валиден работен договор
  • 2 фотографии
  • Копија од пасош
  • Копија од претходни J1 визи

Програмата обезбедува:

  • Формулар DS-2019
  • Здравствено осигурување
  • Pre-departure ориентација во Скопје
  • Work and Travel прирачник
  • Супервизија и асистенција за време на целиот престој во САД
  • 24 Hour Emergency Hotline