Прашања и одговори

Здраво, мене ме интересира колку трае работата во САД, кога се тргнува и кога се враќаме назад? До кога треба да ги предадеме сите неопходни документи и на кој начин оди избирањето на кандидатите? Ви благодарам однапред.

Програмата Work and Travel овозможува престој и работа во САД за време на летниот распуст. Трае од 3 до 4 месеци, обично од завршетокот на акедамската година (крај на мај) до почетокот на наредната академска година (почеток на октомври). Аплицирањето е започнато. Се што треба за пријавување е потрвда од факултетот за редовен студент, индекс, пасош и една фотографија. За повеќе информации слободно јави се на еден од нашите телефони.

Здраво. Дали понудите важат само за студенти, јас веќе дипломирав, не сум вработена и би сакала да аплицирам на една од овие програми.

Camp Counselors и Internship програмите важат и за младинци до 28 години кои што не се студенти. Потребни документи во зависност од тоа која програма ќе ја одбереш. За подетлни информации јави се на 02 2464 440.

Јас сум студент на постдипломски студии, дали можам да аплицирам на Work and Travel програмата?

Постдипломци со ненавршени 28 год можат да аплицираат на програмата.

Заинтересиран сум за опцијата USA High School, имам 16 години и сум 2 година средно. Се што видов разбрав освен 1 нешто, дали јас можам да одберам во која околина ке добијам фамилија?

USA High School програмата нуди можност за бирање на регион меѓутоа не и држава.  Сите учесници на оваа програма мора да бидат редовни ученици во средно училиште во матичната земја кои се уште го немаат комплетирано средното образование.

Ме интересира дали можам да извадам ISIC картичка во друг град освен Скопје и за колку време можам да ја добијам истата картичка? Благодарам.

Картичката се изработува единствено во нашите канцеларии во Скопје и истата се издава веднаш. За да станете носител на оваа картичка потребно е да донесете една мала фотографија, доказ за статус на ученик или студент (копија од индекс или ученичка книшка) и 300 денари.

Постави прашање

5+8=