Program options

Internship програмата е наменета за сите кои сакаат да се стекнат со практично знаење од областа на која што студираат. Имате можност да поминете во САД до 18 месеци и да се стекнете со нови знаења, работни навики и гарантиран напредок во Вашата кариера. Програмата е достапна во текот на целата година, Вие самите одлучувате кога сакате да заминете и колку време да останете (од минимум 6 до максимум 18 месеци).

Со оваа програма младите специјалисти стекнуваат практично знаење во одбраната област со тоа што стануваат дел од екипата на одредена американска компанија. Неопходно е да апликантите студираат или имаат дипломирано во областа за која што аплицираат за работна позиција.

Кој може да аплицира?

J-1 Trainee Program

Млади професионалци со:

  • 5 годишно искуство
  • Или диплома од факултет со 1 година работно искуство
  • Тренинг Програмата овозможува практичен и менаџерски тренинг за млади професионалци од целиот свет. Учесниците развиваат способност и умешност за инкорпорирање на нивниот професионален развој како и нивните интернационални гледишта.

J-1 Internship Program

  • Редовни студенти со тековни студии
  • Или дипломец од академска установа не повеќе од 12 месеци пред почеток на интерншип програмата

Интершип (Стажирање) Програмата им нуди на интернационални студенти и скоро дипломирани учесници можност да стекнат работно искуство во Претприемништво. Програмата ги изложува учесниците на Амероканските техники и методологии, при тоа зајакнувајки им го познавањето за Американската култура и народ