Tax Refund

Една од многуте предности на USA Summer Work and Travel е тоа што сите студенти кои веќе учествувале во програмата, по враќањето во Македонија имаат право на барање за враќање на даноците (Tax Refund).

Тоа значи дека додека студентите работат во САД дел од заработените средства се одбиваат од студентската плата за различен вид на данок. Поинаку кажано, сите тие средства студентите ги заштедуваат и ги оставаат на страна, бидејќи по враќањето дома имаат можност за враќање на даноците.  

Колку побргу аплицирате, толку побргу ќе пристигне Вашиот чек.

По враќањето во Македонија од вашето работно ангажирање во странство поминете во канцелариите на Аурора за да пополните еден едноставен формулар. Се што треба да донесете е копија од виза, копија од пасош, копија од ДС 2019, последен чек или копија од W2 и копија од SSN (Social Security Number).

Со самото пополнување на формуларот вие заработувате пари односно добивате поголем дел од данокот што сте го плаќале додека сте работеле.