Чекор по чекор

Аплицирање за учество на Програмата

Многу е важно внимателно да ја пополните апликацијата. Врз основа на приложените информации ќе ви биде определено семејството-домаќин.

Прифаќање

Откако Агенцијата ќе ја разгледа апликацијата и доколку сите услови се исполнети, ќе бидете прифатени на Програмата.

Наоѓање на семејство-домаќин

Агенцијата наоѓа семејство-домаќин и училиште кои одговараат на вашиот профил.   Ќе ви бидат испратени основни информации за нив. Вие треба да го остварите првиот контакт преку електронска пошта или телефонски со цел да се запознаете подобро.

Алицирање за виза

За престојот во Америка потребно е Ј1 виза. Освен предвидените документи, DS-2019  формуларот е еден од документите што ви е потребен за аплицирањето за визата.

Подготовка за патувањето

Пред да ја почнете новата школска година во Америка, ќе ви органзираме ориентациска програма со цел да ги знаете условите кои треба да ги почитувате за време на вашиот престој во Америка.

Добредојде

По пристигнувањето во нова средина, срдечно ќе бидете пречекани од страна на новото семејство.

Поддршка на ученикот

Вашиот координатор  ќе го закаже првиот состанок  со вас и ќе ви ја даде потребната поддршка и помош за време на Програмата.

Поддршка од родителите

-Во случај да ви притребаат, претставниците од агенцијата Аурора Турс ќе бидат на располагање на вашите родители.

 Општествен живот

Семејството-домаќин, координаторот и советникот од училиштето ќе придонесат за да се чувствувате удобно во новата средина. Вклучувајќи се во воншколските активности ќе се стекнете со нови знаења и искуства, ќе создадете и ќе го проширете кругот на пријатели.

Враќање дома

Успеавте! Ја завршивте учебната година, станавте дел од прекуокенското семејство и се стекнавте со нови знаења и пријатели.

ПОБОГАТИ СТЕ ЗА ЕДНО ЖИВОТНО ИСКУСТВО!!!