Координатор

Локалниот координатор е личност која е ангажирана од фондацијата International Student Exchange и која е таму да се грижи за вас, да ве советува и помага при решавање на какви било проблеми за време на вашиот престој во САД.  Вашиот координатор ќе биде во постојан контакт со вас и со семејството, а редовно ќе го проверува и вашиот напредок во училиштето. Важно е вашиот однос да биде искрен и отворен со цел изнаоѓање заедничко решение за евентуално настанатиот проблем.