Општи услови на патување

Аурора Турс ја превзема обврската да го запише КАНДИДАТОТ во средно локално училиште во САД и да обезбеди семејство домаќин на ученикот за време на траењето на програмата. Родителот/старателот мора да плати за обезбедените услуги и да ги исполни сите други обврски.

Аурора Турс не може да го гарантира патувањето на КАНДИДАТОТ во САД доколку е тоа невозможно поради околности кои не зависат од Аурора Турс.

КАНДИТАТОТ мора да положи тест за познавање на англиски јазик, кој се полага на датум и место кое го определува Аурора Турс и е услов за запишување на програмата.

Доколку не постојат пречки за учество на КАНДИДАТОТ во програмата од страна на Аурора Турс и спонзор агенцијата но КАНДИДАТОТ одбие да учествува во неа (од какви било субјективни причини), се плаќаат следниве административни надомести:

  • Уплатените средства за SEVIS 180 USD и за виза 160 USD во никој случај не се повратни.
  • Авионскиот билет за патување до САД се купува задолжително од Аурора Турс.
  • Доколку КАНДИДАТОТ се откаже од Програмата пред заминувањето во САД, а не е прифатен да учествува во Програмата од страна на спонзор-агенцијата, вкупната сума на КАНДИДАТОТ ќе му биде вратена.
  • Доколку КАНДИДАТОТ се откаже од ПРОГРАМАТА пред да му се најде фамилија домаќин, а  е веќе прифатен да учествува во Програмата од страна на спонзор-агенцијата, договорот станува неважечки и Аурора Турс задржува 800 американски долари, во денарска противвредност, според дневен продажен курс на Тутунска банка, на име на административни трошоци.
  • Во случај на болест, неочекувана смрт во фамилијата или други слични настани што можат да го попречат патувањето во САД, Аурора Турс му предлага на кандидатот да си обезбеди осигурување против откажување од патувањето поради причини кои не се предизвикани од Аурора Турс.
  • Доколку КАНДИДАТОТ се откаже од ПРОГРАМАТА по наоѓањето на фамилија домаќин, договорот станува неважечки а Аурора Турс задржува 1000 американски долари, во денарска противвредност, според дневен продажен курс на Тутунска банка, на име на административни трошоци.
  • Доколку КАНДИДАТОТ волонтерски се врати во Македонија по заминувањето во САД, нема никако право на надомест или рефундација на средствата уплатени за Програмата.