За програмата

USA HIGH SCHOOL PROGRAM е 5 или 10 месечна академска програма со вклучен куќен престој, која им овозможува на учениците од средните училишта да посетуваат локално средно училиште во САД и да живеат во семејство домаќин. Ова е образовна програма и програма за културна размена што им овозможува на учениците единствена можност да се здобијат со искуството на едукација и живеење во САД.

Стекнатото знаење на англискиот јазик по завршувањето на учебната година ќе ви биде на ниво кое тешко би го достигнале со редовни часови и курсови по англиски јазик.

Вашиот престој во Америка ќе го промени и ќе ви го прошири погледот на светот. Тоа нема да биде продолжен одмор туку вистински живот во друга земја. Не само што ќе научите многу за американскиот начин на живот, туку ќе се запознаете и самите себе.

За поголемиот дел од вас ова ќе биде прв пат да поминете една година далеку од родниот крај. Искуството кое што ќе го стекнете ќе биде од големо значење за вас во понатамошниот живот, ќе станете посигурни и посамостојни, ќе развиете нови интереси, и ќе ја развиете способноста за препознавање на нови шанси и предизвици.

Како учесник на оваа програма ќе го живеете животот на американскиот тинејџер. Ќе стекнете нови пријатели, школски другари, професори…Дружењето со американските врсници како во школо така и надвор од школото, ќе ви овозможи да стекнете пријатели што траат за цел живот.

Она што е посебно важно за оваа програма е тоа што ќе станете амбасадор на својата земја. Можда ќе бидете единствениот учесник од Македонија што фамилијата, школските пријатели и професори имале прилика да ги запознаат. Вие ќе бидете тие што ќе им ја претставите нашата земја, култура, обичаи и традиции.