За училиштето

Училиштата што се предвидени во оваа Програма се државни и нудат квалитетен наставен план и програма која ќе ви обезбеди вредно образовно искуство. Американскот образовен систем предвидува од 8 до 10 наставни предмети во текот на целата учебна година, од кои два се задолжителни (американска историја и англиски јазик), а останатите предмети се изборни. Во училиштето ќе имате можност да изберете предмети коишто можеби не сте можеле да ги учите во своето училиште, а во самиот избор ќе ви помогне училиштниот советник. Сите ученици по завршувањето на учебната година добиваат сертификат за завршена една учебна година, како и транскрипт со оценки, а одредени училишта доделуваат и диплома дека ученикот  завршил во средно американско училиште.

Имајќи предвид дека една година ќе учите на англиски јазик, а ќе го користите јазикот и надвор од училиштето, ќе бидете изненадени колку брзо ќе го совладате. Следењето  на наставната програма и извршувањето на школските задачи, како и стекнувањето  нови познанства, ќе ви биде многу поедноставно и полесно по усовршувањето на јазикот. Стекнатото знаење на англискиот јазик ќе ви биде на ниво кое тешко би можеле да го постигнете со редовни часови и додатни курсеви во матичната земја. По завршувањето на Програмата ќе ја воочите вредноста на стекнатото знаење  и искуство во САД.

Поголемиот дел на американските училишта нудат можност за додатни активности како спорт, музика, школски весници, странски јазици итн..